Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го предложи републиканскиот сенатор Џон Ретклиф за директор на националните разузнавачки агенции.
Американските медиуми пренесуваат дека доколку Сенатот го прифати именувањето на Ретклиф, тој на функцијата главен американски разузнавачки претставник ќе го замени Ричард Гренел, кој, покрај оваа функција што ја извршува како вршител на должноста, е и амбасадор на САД во Гермнија и претставник на Белата куќа во преговорите меѓу Белград и Приштина.
Ратклиф, кој два мандата беше републикански сенатор, и претходно од Трамп беше предложен за директор на националните разузнавачки агенции. На почетокот на 2019 година, меѓутоа, Трамп го повлече предлогот за Ратклиф заради критиките од одреден број демократи и републиканци кои сметаа дека тој нема доволно искуство за местото кое подразбира надгледување на работата на 17 американски разузнавачки агенции.
„Џон е прекрасен човек со голем талент”, порача Трамп на Твитер покрај објавувањето на веста дека повторно го предложил Ретклиф за функцијата главен разузнавачки претставник во САД.