Челзи одигра уште еден разочарувачки меч во кој ремизираше (2-2) како гостин со една од најслабите екипи во англиската фудбалска премирлигашка конкуренција – Борнемут.
Алонсо ги доведе во предност гостите во 33 минута, а Лерма израмни во 54-тата минута. Домаќините дојдоа до целосен пресврт три минути подоцна, но Шпанецот со својот втор гол го спаси лондонскиот тим од голем резил.
„Сините” по овој кикс остануваат на 4-то место со 45 бода, додека „црешите” ја заземаат 17-тата позиција со 27 поени и екипата е на само два бода над зоната за испаѓање.
Резултати :
Брајтон – Кристал Палас 0:1
Борнемут – Челзи 2:2
Њукасл – Барнли 0:0
Вест Хем – Саутемптон 3:1
Норвич – Лестер 1:0
Во моментов се игра дуелот помеѓу Ватфорд и лидерот на табелата Ливерпул.