Во Солун вечерва бил потврден петтиот случај на коронавирусот во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите во грчките медиуми, станува збор за лице кое било во контакт со 38-годишната жена што беше и првоинфицираната со Ковид-19,
Во Грција, досега, пет лица се хоспитализирани со потврден коронавирус, од кои три случаи се во Солун и два во Атина.
Во Солун, 38-годишна жена која патувала во Милано е првиот случај, по што позитивни беа резултатите од анализата на нејзиното дете и сега, на уште едно лице со кое стапила во контакт.
Двата случаи во Атина се меѓусебно неповрзани, а станува збор за две жени на 36 и 40-годишна возраст.