Лацио е новиот лидер во италијанската фудбалска Серија А, откако во првиот меч од 26. коло ја победи Болоња со 2:0. Лацио сега има 62 бодови, два повеќе од Јувентус кој го одложи дербито со Интер, кој е третопласиран со 54 бодови.
Лаци имаат одиграно еден натпревар повеќе од Јувентус и два во однос на Интер. Лацио на „Олимпико“ дојде до трите бода за само две минути во периодот од 18 до 21 кога прво ја погоди гостинската мрежа Алберто, а потоа и Кореа.
Гостите во вториот дел дадоа два гола, ама по консултација со ВАР-собата истите беа поништени.