Членови на извршниот комитет на партијата, членови на останатите структури на ВМРО-ДПМНЕ заедно со фондацијата Конрад Аденауер овие два дена ќе разговараат за предизвиците кој што се пред нас после 12 април, ќе разговараат и за она што не очекува и пред 12 април, практично е поврзано со предизборната кампања, изборната кампања и така натаму. За политиките во иднина кои ВМРО-ДПМНЕ треба да ги рефлектира според современите текови на конзервативните центар десни политички партии, не само од национален карактер туку и сето она што е поврзано со тие центар десни конзервативни политики. Тука пред се мислам на економијата политиките од реалниот живот пред се тука мислам на политиките кои што подразбираат и поинаков пристап надвор од кутијата што би рекле, пристап на работите.
Ценам дека ќе биде исклучително значајно ќе биде добро искуство за членовите на Извршниот комитет на партијата ова е дел од низата тренинзи кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ изминативе месеци и изминатава година и со фондацијата Конрад Аденауер но и со други фондации за нас ова е од исклучително значење големо искуство и се надеваме дека сето она што е извадено како заклучок ќе прерасне во политика на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.
Новинарско прашање: До каде се внатре партиските постапки што може охриѓани да очекуваат какви кандидати на претстојните предвремени избори?
Одговор на Христијан Мицкоски: па мислам дека тоа ќе бидат луѓе кои ќе бидат почитувани од средината луѓе кои Охрид им е пред се. Би рекол Охрид и Македонија им е пред се тоа се луѓе кои имаат интегритет сериозен трак рекорд позади себе и сериозно животно портфолио и професионално портфолио луќе во кои јас лично како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата и охриѓани можат да се потпрат да веруваат дека ќе бидат вистински столбови за одбрана на интересите пред се на Македонија а потоа и на Охрид.
Новинарско прашање: Ваше мислење за вчерашниот дуел?
Одговор на Христијан Мицкоски: Не би било пристојно јас да давам оценка тоа го кажав и на дуелот ќе оставам граѓаните да судат едноставно се забавував кога зборував со господинот Зоран Заев