Хрватска се консултира со партнерите од ЕУ и НАТО за потенцијален нов бран мигранти, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека Турција ги отвори границите кон Европа за мигрантите.
– Синоќа разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој денеска патува во Турција. Секако, Грција и Бугарија во моментов се најмногу ангажирани да ги контролираат своите граници кон таа земја, рече Пленковиќ во Макарска, потврдувајќи дека кризата во сирискиот регион Идлиб создала нов потенцијален бегалски бран, јави Хина.
– Се консултираме со сите колеги во рамки на Европската унија и НАТ”, рече Пленковиќ, наведувајќи дека се потребни „политичко-дипломатските напори кон претседателот Ердоган за да се спречи посериозен миграциски бран кон Европа преку источномедитеранската и западнобалканската рута.
Според него, Хрватска досега вложила големи напори да ја контролира надворешната европска граница, „не само преку подготовките за шенген-зоната”, туку и со 6.500 полицајци и 271 милиони евра повлечени од европските фондови за „зајакнување на оперативноста, техничка опрема, термовизиски камери и сè она што сите полицајци мора да ги имаат “.