Едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во Куманово, соопштија од Итна помош Куманово.
Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.
Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот на булеварот „Октомвриска револуција” во близина на реонскиот пазар.
Од СВР Куманово потврдија дека се случила сообраќјна несреќа и најавија дополнителни информации во текот на денот