Хрватскиот министер за економија Дарко Хорват изјави денеска дека ефектите од новиот коронавирусот веќе се гледаат и оти тие ќе имаат одредено влијание врз хрватската економија, иако размерот е тешко да се предвиди во овој момент.
– Во првите два месеци на ниво на ЕУ, гледаме два милиони помалку пристигнувања на кинески туристи, рече Хорват, додавајќи дека хрватскиот туризам би страдал, но тешко е да се предвиди колку.
Тој рече дека во февруари вредноста на извезената стока од Хрватска во Кина се намалила од 141 милиони долари на 50 милиони долари.
– Ефектите доаѓаат, но најважно е да се каже дека не треба да дозволиме паниката да влезе во нашите секојдневни животи или да го наруши спокојството со кои изминатите три години придонесувавме економски раст, рече Хорват и додаде дека се работи на методологијата за ублажување на последиците.
Хорват потенцира дека Европската комисија веќе издвоила 300 милиони евра за да ги ублажи штетите предизвикани од коронавирусот и да пронајде вакцина и лек.