Јовевски : Неспособниот градоначалник на СДСМ ја остави недовршена улицата во Драчево

Лагите и неспособноста на СДСМ, Заев и нивните градоначалници се гледаат на секој чекор.

Токму улицата Антон Димитров во н. Драчево е типичен пример за начинот на работа на Петре Шилегов, Филип Темелковски и СДС.

Имено улицата беше помпезно најавена со медиуми, пресови од страна на Шилегов и Темелковски, за да на крај дел од улицата да остане со дупки и кал, а градежните машини се имаат целосно повлечени во месец јуни 2019 година.

Советникот во град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, Колариќ трипати поставува прашање зошто улицата не е завршена, реагираат жителите од овој дел на улицата, трипати одговорот е дека градежните активности се завршени и целосно улицата е завршена.

Со ова се потврдува дека СДС ги лаже граѓаните, улицата не е завршена,  отпочнува нешто пред медиуми и не ги завршува докрај работите, нема слух за барање на граѓаните и потврдува дека градоначалниците не се излезени од своите кабинети и глуви се за реалните проблеми на терен.

Дополнително прашање е каде се потрошени парите кога улицата не е завршена. Ова е потврда за криминално дивеење и ставање на проблемите под тепих. Граѓаните бараат веднаш да се врати градежната механизација и улицата да се заврши.

Почитувани,

Обновата доаѓа на 12 април.

Граѓаните ќе ви пресудат за лажните и празни ветувања.

Треба да знаете
Последни објави