Лагите на аболицираниот криминалец Зоран Заев се целосно разобличени на јавна сцена. Целата македонска јавност синоќа виде зошто Зоран Заев долго и упорно избегнуваше дуел и се криеше од соочување со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Заев синоќа во очи на целата јавност призна дека нема официјален документ дека го пријавил случајот „Рекет“ ниту се сеќава на тоа, а не се сеќава затоа што тој само ги предупредил неговите рекетари дека ќе се отвори истрага. Не се сеќава на документ за пријава на случајот затоа што вистината е дека тој е главата на криминално рекетарскиот октопод.
Заев синоќа го потврди тоа што го слушна јавноста, односно дека тој е човекот кој го управувал обвинителството и судството преку телефонски разговори и директни средби за тоа какви истраги и кои пресуди да се носат, по принципот на „трас трас без Заев не се може“.
Заев синоќа уште еднаш потврди дека е патолошки лажго и без срам се обиде да манипулира дека таткото на неговиот советник Бојан Маричиќ е пензионер, иако вистината е дека тој се уште е виш обвинител во јавното обвинителство каде што токму Заев нарачува истраги против неистомисленици.
Заев синоќа не можеше да каже каде изградил ниту еден километар автопат, ниту пак која инвестиција ја донел во Струмица, затоа што ги нема. Единствено што има е крадење на парите на граѓаните од страна на Заев и неговата криминално рекетарска банда.
Заев синоќа иако не е премиер, повторно ги злоупотреби државните ресурси и на дуелот се појави со државно обезбедување, возила и советници кои не му следуваат како претседател на СДСМ и за кои не постои никаква основа да ги користи.
Затоа Заев упорно бегаше од дуел, се плашеше да се соочи со фактите и реалноста дека целата јавност знае дека ги краде граѓаните и ги користи судството и обвинителството во политички цели. Законот кој Заев насилнички го донесе нема да го спаси за криминалите.
На 12 април на Заев му следува тежок пораз на изборите, а потоа ќе одговара за сите криминали и злодела изминативе три години.
На 12 април следува крај на мафијата на Зоран Заев и доаѓа обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.