Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не даде оценка за вчерашниот предизборен ТВ дуел со политичкиот противник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, туку вели дека дека ќе остави граѓаните да судат.
„Не би било пристојно јас да давам оценка, тоа го кажав и на дуелот, ќе оставам граѓаните да судат едноставно се забавував кога зборував со господинот Зоран Заев“, изјави Мицкоски во Охрид.
Во однос на прашањето до каде се внатре партиските постапки што може охриѓани да очекуваат какви кандидати на претстојните предвремени избори, тој рече:
„Мислам дека тоа ќе бидат луѓе кои ќе бидат почитувани од средината луѓе кои Охрид им е пред се. Би рекол Охрид и Македонија им е пред се тоа се луѓе кои имаат интегритет сериозен трак рекорд позади себе и сериозно животно портфолио и професионално портфолио луќе во кои јас лично како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата и охриѓани можат да се потпрат да веруваат дека ќе бидат вистински столбови за одбрана на интересите пред се на Македонија а потоа и на Охрид“.