Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја ќе ја зајакне заштитата на својата јужна граница, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ергдоган го информирал дека Турција не може повеќе да го спречува приливот на мигранти.
„За време на телефонскиот разговор во врска со миграцијата и актуелната ситуација во Сирија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го известил премиерот Орбан дека постои огромен притисок врз Турција и дека таа веќе не може да го спречи приливот на мигранти“, соопшти унгарската Влада.
Орбан свикал состанок на својот кабинет за безбедност и одлучиле дека Унгарија мора да ја зајакне заштитата на својата граница и да обрне посебно внимание на балканската мигрантска рута.