Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги повика Авганистанците „да ја искористат шансата и да постигнат мир”, во пресрет на денешното потпишување на договорот во Катар меѓу САД и талибанските бунтовници, јавија американските медиуми.
-Ги повикуваме Авганистанците да ја искористат шансата за постигнување мир, рече Трамп и додаде дека на потпишувањето на документот ќе присуствува и шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.
Трамп кажа и дека доколку талибанците и авганистанската Влада ги исполнат своите обврски и тргнат кон конечно завршување на судирот, ќе се исполнат условите за повлекување на американските војници од оваа земја.