ВМРО-ДПМНЕ: Заев  ги излажа граѓаните  за плата од 500 евра, нова лага е дека ќе донесе плата од 600 евра

СДСМ континуирано ги лаже и манипулира граѓаните. Платите не растат реално и затоа Македонија е една од најсиромашните земји на Балканот и во Европа. За тоа дека платите не растат а само растат трошоците на чело со СДСМ зборуваат и фактите дека над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет не може да ги обезбеди основните егзистенцијални потреби.

Зоран Заев лаже дека ќе донесе плата од 500 евра  и тоа е очигледно. Така просечната месечна нето плата во земјата за 2019 година според Државниот завод за статистика изнесува 25.215 денари. Ова е промашување од ветените 30.000 денари за цели 4.785 денари или околу 75 евра помалку во просек по работник. Ако го земеме во предвид фактот што во земјата има околу 800.000 вработени, тоа значи дека работодавачите треба да исплатат 60 милиони евра повеќе месечно или 720 милиони евра годишно за да просечната месечна нето плата достигне 30.000 денари.

Според пресметките  75 евра помножено со 800.000 работници кои се еднакви на  60.000.000 евра месечно помножено со  12 месеци изнесува 720.000.000 милиони евра годишно. Овие пари ниту ги има во стопанството, уште помалку кај презадолжената влада на Заев. Македонија е една од земјите со најнизок стандард за живеење.

Здравствените работници си одат заради ниските плати, земјоделците ги напуштаат нивите заради лошата политика на СДСМ додека младите континуирано се иселуваат заради бесперспективноста која ја донесе СДСМ со своите катастрофални политики.

Младинската невработеност во државата е највисока во регионот додека во некои делови на земјава достигнува и до фрапантни 80%.

Дека СДСМ не оствари ништо за граѓаните да живеат подобро говорат и истражувања кои кажуваат дека скоро 70% од граѓаните не ја гледаат својата иднина во државата.

Заев и СДСМ мора да си заминат од политичката сцена во политичко минато. За разлика од СДСМ ВМРО ДПМНЕ прецизно ги одмерува сите мерки кои се предложени и кои се реални и достижни за разлика од СДСМ кој бесрамно ги лаже граѓаните дека сме на прав  пат. За иронијата да биде уште поголема СДСМ ветува 600 евра плата додека ги заборави ветувањата за 500 евра плата од која граѓаните не видоа ни трага ни глас.  Зоран Заев ги СДСМ единствено ги осиромашува граѓаните и ја уништува  земјата  по сите основи. Затоа тие мора да си заминат за обновата да почне.

 

Треба да знаете
Последни објави