Започна пролетниот дел од пинг-понг првенството

– СЦ Борис Трајковски, А1 Арена (мала сала) во пролетниот дел од сезоната 2019/20 ќе биде борилиштето каде што ќе ги одмерат силите најдобрите клубови во пинг понгарското првенство. Од 1 Март па се до 22 Март во четири турнуси ќе се одиграат натпреварите од Супер и прва лига.

Првото пролетно коло, вкупно осмо во првенството во супер лигата помина во знакот на фаворитити, Младост и Шампион Фа забележаа победи против Вардар и Работнички, додека Радовиш и Телеком НЕЦ одиграа супер интересен натпревар кој заслужено им припадна на Радовишани со што дополнително ја замрсија борбата на дното на табелата, ако се земи во предвид и одиграниот натпревар од деветтото коло во кој Вардар беше подобар од Работнички.

Екипата на Младост 96 која во зимскиот преоден рок се засили со македонскиот првак Станојковски и играчот од Србија Стефан Костадиновиќ со што најави атак на титулата во осмото коло беше слободна

Резултати Супер лига 8 коло

Младост – Вардар 4:2

Работнички – Шампион Фа 1:4

Телеком Нец 1 – Радовиш 3:4

9 коло

Вардар – Работнички 4:2

Табела

Младост
Шампион Фа
Работнички
Младост 96
Радовиш
Телеком НЕЦ
Вардар

Во првата лига фаворитите ја оправдаа улогата, Телеком НЕЦ 2, забележа лесна и убедлива победа против Мултитекс, Крива Паланка 2007 го совлада единствениот конкурент за второто место, екипата на Кочани.

Резултати Прва лига 8 коло

Телеком Нец 2 – Мултитекс 4:0

Пошта 2 – Дебар маало 4:0

Борец ТИМ – Струга 1:4

Крива Паланка 2007 – Кочани 4:2

Табела Прва лига

Телеком НЕЦ 2
Крива Паланка 2007
Кочани
Струга (-1 бод)
Борец Тим
Мултитекс
Пошта 2
Дебар Маало.

Треба да знаете
Последни објави