– Министрите за надворешни работи од земјите членки на ЕУ во текот на престојната недела ќе одржат „вонредна средба” заради влошувањето на состојбата во Сирија, што предизвика луѓето да бегаат преку Турција кон границите на ЕУ, соопшти денеска шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел.
Борбите во сириската провинција Идлиб „претставуваат сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност”, рече тој.
Последица од тоа е „тешката хуманитарна криза” со која се соочува ЕУ, која „мора да ги удвои напорите и да ги искористи сите расположливи средства, додаде Борел во изјавата.