Откриени 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми

Откриени се 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми на патот во изградба Штип – Кочани. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во соопштение до медиумите информира дека мигрантите се откриени рано утрово околу 4 часот кога полициски службеници од Регионалниот центар Исток и СВР-Штип сопреле моторно возило со скопски регистарски таблички.

Возилото го управувал 46-годишниот С.П., совозач му бил 32-годишниот Т.Р, двајцата од Велес,  кои претходно не застанале на даден знак на полицијата.

По потргата, во возилото се пронајдени  78 мигранти. Возачот и совозачот се лишени од слобода, а во моментов во Полициската станица во Штип се разговара со мигрантите и се утврдува од кои земји доаѓаат.

Дополнителни информации надлежните ќе соопштат по расчистување на случајот. 

Треба да знаете
Последни објави