Италијанските медиуми утрово објавија дека 15-годишник бил убиен од страна на полицаец во Неапол.
„Раи њуз“ пишува дека вооружен тинејџер се обидел да ограби полицаец во цивилна облека, кој бранејќи се го застрелал малолетникот, пренесе хрватски „Индекс“.
Тинејџерот бил пренесен во болница околу 5:30 часот наутро со повреди на главата и градите каде веднаш бил опериран, но починал за време на операцијата.
Неговите роднини, кои чекале информации во болницата, по веста за смртта ја демолирале просторијата за итни случаи.
Devastato il pronto soccorso ⛑ dell’ospedale #VecchioPellegrini di #Napoli dai parenti di un 15enne ucciso durante un conflitto a fuoco nella notte
🎥 nel @tgr_campania delle 14 @TgrRai #IoSeguoTgr pic.twitter.com/KfOXq9hogr— Tgr Rai Campania (@TgrRaiCampania) March 1, 2020