Неколку граѓански организации се собраа денеска пред споменикот на Крсте Петков Мисирков кај МАНУ за да побараат македонскиот да биде единствен службен јазик.
„Не за двојазичност во Македонија”, „Заев мафија”, „Христијанско братство”, пишуваше на транспарентите кои ги носеа, а бројни беа и оние кои вееја знамиња со „сонцето од Кутлеш”.
На звучник се пуштаа македонски народни песни и фолк хитови. Организациите кои го предводат маршот бараат укинување на новиот Закон за јазиците, разгледување на уставноста на законот пред Уставниот суд и референдум за укинување на Законот за јазиците.
Владимир Чолаковски од „Македонска зора” изјави дека ќе се обидат да соберат потписи за организирање на референдум. Според него, Законот за употреба на јазиците е преагресивен кон македонскиот народ.
Ана Бобинкова Мијаковска од „Преродба” рече дека тие протестирале уште пред Законот за употреба на јазиците да биде донесен. „Ние не признаваме нелегитимни избори на ‘Северна”, изјави Бобинкова Мијаковска.
ФОТО И ВИДЕО: МакФакс