ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лаги сака да го покрие својот криминалот кој го направија

СДСМ не може да се помират со фактот дека по 12 април ќе одговараат за целиот криминал кој го направија. Паниката која ги зафаќа ги тера да одат од грешка во грешка. Обвинувањата кои СДСМ и Зоран Заев неколку дена по ред ги изнесуваат за наводен криминал се апсолутно неточни. Доколку има било каква вистина во нивните обвинувања досега ќе отвореа постаки, а судството контролирано од нив ќе донесеше експресни пресуди.

Да појасниме, се работи за два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Вториот договорот важел до пред 6 месеци, период кога СДСМ е на власт, а Заев е премиер.

Вакви слични лажни обвинувања СДСМ изнесуваше и за начинот на кој Христијан Мицкоски се стекнал со концесија за хидроцентрали за кои антикорупциската комисија потврди дека нема никаква поврзаност со неправилности и криминал.

На 12 април народот ќе го казни СДСМ и политиките на Зоран Заев, а потоа ќе има одговорност за целиот сторен криминал.

 

Треба да знаете
Последни објави