Двете повредени малолетни девојчиња во кои синоќа удри џип додека чекаа на автобуска постојка во Ѓорче Петров, се пуштени на домашно лекување. Освен набиеници по телото, немаат посериозни физички повреди.
Девојчињата, кои се ракометарки на женскиот ракометен клуб Вардар, чекале автобус во населбата Ѓорче Петров, кога џипот загубил контрола, откако патот му го попречило југо и влетал во постојката.
Двете девојки се ракометарки на првиот тим на ЖРК Вардар, кои со возило на брза помош беа пренесени в болница.
Возачите на џипот и „Југото” не се повредени.