Заев: Новата спортска сала во Дојран достапна и за хотелиерите за да ја прошират туристичката понуда

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја посети новоотворената спортска сала во OУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран.

Тој нагласи дека новата спортска сала покрај тоа што ќе овозможи услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование на учениците од ова училиште, ќе има и друга намена.

Салата ќе биде достапна и за хотелиерите во насока на збогатување на своите туристички понуди, но и за сите граѓани на општината кои ќе пројават интерес за спорт и рекреација.

„СДСМ покажува како преку вистински одлуки и нивна реализација се овозможуваат подобри услови за развивање на спортот и вклучување на што е можно повеќе млади да спортуваат“, истакна Заев.

За изградба на спортската сала со површина од 650 квадратни метри се потрошени 24 милиони денари што се обезбедени од Банката за развој при Советот на Европа и државниот буџет.

Треба да знаете
Последни објави