– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека брзо ќе анектира делови од Западениот брег ако победи на утрешните предвремени парламентарни избори.
– Ќе биде прашање на седмици, најмногу два месеца, се надевам, рече Нетанјаху во интервју за државното радио, истакнувајќи дека анексијата на долината на Јордан од населбите на Западниот брег е негов приоритет.
Утрешните избори се трети во Израел за помалку од една година. На изборите одржани во април и во септември немаше јасен победник и не беше формирана нова влада.