ОММ: Носиме мартинки – си ја пазиме традицијата

Традиционализам е почитување на обичаите на нашиот народ. Март е месец  кога во нашата земја се носат мартинки.
Носењето мартинки во нашите краишта е спомнато дури и во Зборникот на  Браќата Миладинови. Мартинките се носат до појавата на првото  процветано дрво или на првиот виден штрк, но и до здогледување на  првата ластовица.
Тажен е фактот што мартинките се помалку и помалку се носат низ  младите, а можат да бидат најголем симбол на внимание и љубов,  подарени на луѓето кои ни значат.
Охрабруваме да ја заживееме традицијата со носење мартинки, бидејќи со  години се носи на овие простори. Подарете мартинка – со тоа ќе  подарете внимание и љубов.

Треба да знаете
Последни објави