Паричникот кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сакаше да му го подари на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на крајот од ТВ-дуелот во петокот, вреди 440 долари, објави „Фокус“, и најблиску од каде што може да се нарача е и унгарската престолнина Будимпешта.
Аксесоарот „Луј Витон“, доколку е оригинал, не е купен од Македонија, бидејќи во нашата земја официјално, нема продавници од овој луксузен моден бренд, пишува „Фокус“.
Мицкоски со овој подарок алудираше дека Заев е вмешан во случајот „Рекет“, а тој не го прифати бидејќи, како што рече, тоа не било во духот на помирувањето.



