Корисниците на Ајфон во Кина повеќе не ќе можат да ја симнат популарната игра за епидемија на смартфоните, поради ширењето на смртоносниот коронавирус. Американските производители на играта „Plague Inc“ велат дека биле известени дека таа вклучува содржина што е нелегална во Кина, како што е утврдено од Кинеската управа за сајбер простор.
Креаторите на играта велат дека таа е најпопуларна платена игра во Кина долги години и не е дизајнирана да го сензационализира избувнувањето на болестите.
„Plague Inc. е интелигентна и софистицирана симулација што ги охрабрува играчите да размислуваат и да учат за сериозни проблеми со здравјето. Имаме голема почит кон нашите кинески играчи и разочарани сме што веќе не ќе можат да пристапат и да ја играат играта“, велат од компанијата.