Пуџдемон повикува на продолжување на борбата за независност на Каталонија

Поранешниот лидер на шпанската покраина Каталонија, Карлес Пуџдемон, повика на митинг во Перпињан, на југот на Франција, со цел продолжување на борбата за независност на Каталонија.

„Треба да се подготвиме за последната битка, надминување на грешките, сомнежите и слабостите“, рече тој во Перпињан, кој многумина сепаратисти го сметаат за „Северна Каталонија“.

Речиси 100.000 луѓе се собраа во овој француски град, според наводите на тамошната полиција, додека организаторите наведуваат дека на митингот учестувале 150.000 луѓе.

Пуџдемон, кој сега е заштитен со имунитет од Европскиот парламент, за прв пат е во близина на Шпанија, која издаде налог за негово апсење.Поранешниот лидер на Каталонија претходно не смееше да се движи низ Франција, која тесно соработува со шпанската полиција.

Треба да знаете
Последни објави