По 12-ти април следува обнова на Македонија, реализација на голем број на проекти од кои придобивка ќе имаат сите граѓаните на Република Македонија.
Идната влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обврзува пред граѓаните да овозможи зголемување на просечната плата во државата за минимум 25 проценти во еден мандат, а тоа значи повеќе пари за работниците или во просек за 6.500 денари повеќе од платата која што ќе биде исплатена просечна во државата во месец декември 2019тата година.
Исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми просечната пензија за минимум 20 проценти во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3.000 денари повеќе за секој еден пензионер. Воедно идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува во првите 100 дена од мандатот да го промени Законот за пензиско и инвалидско осигурување и согласно новото законско решение пензиите ќе се прилагодуваат по двата основа, порастот на трошоците за живот и со просечниот раст на нето платите.
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ја намали невработеноста под 10 проценти, а со тоа да обезбеди повеќе работни места за младите.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на целосно напуштање на концептот на прогресивен данок и воведување на рамен данок до 8 проценти, а тоа значи повеќе пари за стопанството и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ работи и ќе продолжи да работи за доброто на граѓаните.
Со ваквите конкретни и реални проекти и мерки ВМРО-ДПМНЕ покажува дека ќе води вистинска грижа за сите граѓани на Република Македонија.
Преку обезбедување на силен економски стандард, подобри услови за граѓаните значи и повеќе за секого во државата.
Доаѓа обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе се избори за подобра иднина на граѓаните.