На граничниот премин Табановце приведен странски државјанин

Вчера во 13,45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од земјава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” лишен од слобода бил O.Д.(21) од Турција со белгиска патна исправа. При извршена дополнителна контрола била пронајдена и белгиска возачка дозвола со исти податоци од патната исправа. Од извршените проверки било констатирано дека влез во земјава имал остварено на 26.02.2020 на Граничниот премин “Меѓународен аеродром Скопје” со негова турска патна исправа. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави