Рашфорд ќе биде подготвен за последните мечеви од сезоната

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ќе се врати во игра за последните натпревари во сезоната, откако има сериозно подобрување во однос на неговата повреда.

Имаше загриженост дека напаѓачот можеби нема да игра до крајот на кампањата кога доби скршеница на коска на грбот, но неодамнешните прегледи покажале напредок во неговата состојба.

Во овој момент се смета дека Рашфорд ќе биде подготвен да игра на дуелите во мај, кога ќе се одржат последните 3 кола од првенствата и финалето на ФА Купот и Лигата на Европа, каде и понатаму учествуваат „црвените ѓаволи”.

„Тестовите беа многу позитивни. Знаеме дека не треба да брзаме и веројатно ќе биде аут уште околу 2 месеци, но тој треба да биде подготвен за последните натпревари”, изјави Оле Гунар Солскјер.

Рашфорд имаше 19 голови оваа сезона и одлично се снајде пред да се повреди.

Оваа вест е, исто така, одлична за селекторот Герет Саутгејт со оглед на претстојниот Европски шампионат.

Треба да знаете
Последни објави