– Штабот за цивилна заштита денеска издаде строга препорака до давателите на здравствени услуги и работниците да го одложат давањето услуги од областа на здравствениот туризам за лицата кои доаѓаат од областите погодени од коронавирус во текот на следниот месец за да се спречи ризикот од можно ширење на вирусот.
Препораката се однесува на стоматолошки здравствени услуги и бањи, бидејќи многу луѓе доаѓаат во Хрватска од Италија, каде има голем број заразени од Ковид-19, на кои хрватските стоматолози им даваат здравствени услуги, пренесува Хина.
Во Хрватска седум лица се заразени од новиот коронавирус и сите се во стабилна состојба.
Во светот, вкупно 87.024 луѓе се заразени со Ковид-19, од кои 79.929 во Кина, 1.612 во Европа и 5.483 во остатокот од светот. Од Ковид-19 досега починаа 2.979, од кои 31 во Европа. Вкупно се излекувани 42.606 лица.