Манчестер јунајтед ќе понуди плата од 150.000 фунти неделно на Џек Грилиш за да го убеди капитенот на Астон Вила да ја претпочита понудата на „црвените ѓаволи”.
Тоа е три пати повеќе, од она што го добива играчот од средниот ред на „Вила Парк” во моментов.
Во септември Англичанецот потпиша нов петгодишен договор со Вила, според кој неговата плата се зголеми на 50.000 фунти неделно.
Манчестер Сити исто е заинтересиран за Грелиш, кој е следен дури и од шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.
Според медиумите на Островот, Астон Вила ќе бара околу 60 милиони фунти за својата sвезда.