Земјите од ЕУ се координираат со земјите од Западен Балкан за кризата со бегалците кои од Турција се движат кон ЕУ преку Грција.
-Во контакт сме и се усогласуваме со земјите од западниот Балкан, лекцијата од 2015 беше дека овие земји беа први засегнати и оттогаш имаме добра соработка, изјави Петер Стано, портпаролот на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ.
Што се однесува до состојбата на грчко-турска граница и изјавите од турските власти дека нема повеќе да ги задржуваат бегалците во Турција, Европската Унија потсети дека никој формално не се откажал од спогодба со Турција и очекувањето е дека Анкара ќе продолжи да ги исполнува своите обврски.
-Нашата заложба останува и очекуваме ист степен на заложба од другата страна, договорот сѐ уште важи и никој не го отфрлил, ниту се откажал од него формално, додаде Стано.
Договорот склучен помеѓу ЕУ и Турција веднаш по бегалската криза во 2015 предвидува дека Турција треба да ги задржи мигрантите и бегалците од Сирија на своја територија во замена за фондови за поддршка на инфраструктурата за прием на бегалците во Турција.