Пешак денеска е прегазен на улицата „Кирил и Методиј” кај трговскиот центар „Рамстор мол”. Во него удрило возило „ауди” со скопски таблички. Повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза”. Сообраќајката е пријавена во СВР Скопје во 11:20 часот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека увидот е во тек.