Путин сака во Уставот да воведе дека бракот е заедница од маж и жена

Рускиот претседател Владимир Путин предложи измена на рускиот Устав, според која би се вовела реченица дека бракот е заедница од маж и жена, објави „Ројтерс“.

Тоа е една од предлозите за измени на Уставот, што денеска ги даде рускиот претседател. Критичарите на неговиот режим сметаат дека Русија го менува Уставот за Путин да може да остане на власт и по 2024 година кога му истекува мандатот.

Неговите приврзаници, пак, ова го гледаат како можност Уставот да се измени за да ги оддржи клучните морални и геополитички вредности на Русија за во иднина.

Освен тоа, Путин минатиот месец рече дека сè додека е тој на власт, во Русија нема да има легализирани истополни бракови. Порача дека нема да дозволи традиционалните називи – „мајка“ и „татко“ да се заменат со „родител 1“ и „родител 2“

Треба да знаете
Последни објави