Капитенот на Реал, Серхио Рамос не му остана должен на Жерард Пике од Барселона за провокацијата која ја испрати дефанзивецот на Барселона дека не го видел во послабо издание тимот од Мадрид во послабо издание во првото полувреме како што играч на „Ел класико“ кое на „Сантијаго Бернабеу“ го добија домаќините (2:0) со два погодока постигнати во вториот дел.
-Секој има право на свое мислење и јас го почитувам мислењето на Пике. Со две раце потпишувам да победам на секое „Ел класико“ со лоша игра како што вели тој. Пристапот ни беше поинаков, во првото полувреме одлучивме да им го препуштиме поседот на топката, а во второто решивме да ги притиснеме. Во продолжението ја изгубија свежината, па почнавме да креираме шанси. Да бевме за нијанса подобри, ќе ги испратевме со три или четири гола. Не знам дали ова беше најлошата Барса која ја имам видено, нивната игра се базира на посед на топката. Ја почитувам нивната филозофија, но ние имаме друг стил. Нашиот стил не е ниту подобар, ниту полош, едноставно е различен, вели Рамос.
Реал Мадрид по победата над Барселона во „Ел класико“ се врати на лидерската позиција во шпанската Примера.