Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет оствари средба со градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов.
На средбата градоначалникот го запозна министерот со тековните проекти кои општината ги реализира во насока на подобрување на состојбите во делот на културата, како проектот за целосна реконструкција на кино-салата „Рудар“ и изградбата на регионалниот научен музеј за ретки минерали со што збирката од над 250 експонати наскоро ќе добие свој оригинален простор. Со реализацијата на проектите општината Пробиштип ќе ја збогати својата автентична туристичка понуда.
Министерот Исмаили пак ја изрази подготвеноста на Министерството за култура за поддршка на културни активности кои би се реализирале во оваа општина.