Бројот на починати од последици од новиот коронавирус во Италија во изминатите 24 часа се зголеми за 18 и сега изнесува на 52 жртви. Италијанската Агенција за цивилна заштита соопшти дека бројот на заразени се искачил на 2.036, додека вчера изнесувал 1.692.
Директорот на агенцијата информира дека од луѓето кои биле први заразени, 149 закрепнале.
Во Литванија попладнево е пријавен првиот случај на новиот коронавирус.
Освен што објави дека кај еден пациент е дијагностициран коронавирусот, Министерството за здравство на Литванија не соопшти други детали.
Претходно први случаи на Ковид-19 пријавија и Сенегал, Саудиска Арабија, Тунис, Јордан, Чешка, Португалија, Исланд, Индонезија, Андора и Ерменија.