Актуелниот европски ракометен шампион Вардар во осминафиналето на патот кон одбраната на трофејот во Лигата на шампионите ќе се соочи со екипата на ПИК Сегед (Унгарија). Првиот дуел од осмина-финалето се игра во периодот од 18 до 22 март во Скопје, а реваншот е во периодот од 25 до 29 март во Сегед, Унгарија. Во изминатат сезона Вардар и ПИК Сегед играа во четвртфиналето од ЛШ, кога „црвено-црните“ ги елиминираа и завршија на Ф4 турнирот во Келн каде ја освоја втората европска „круна“.
Победникот од овој двомеч ќе игра во четвртфиналето со подобриот од пресметката меѓу Висла и Веспрем.
Во групната фаза сезонава екипата на ПИК Сегед го освои 3. место во А групата со 20 бода, и 9 победи, 2 нерешени средни и три порази. Најголемиот успех на екипата е пламан во четврт-финалето на ЛШ каде играше четирипати во последните шест години.
Двојки за осмина-финалето во ЛШ се:
Динамо Букурешт – ПСЖ
Висла – Веспрем
Вардар – ПИК Сегед
Целје – Кјелце
Пoрто – Олборг
Флензбург – Монпелје
Екипите на Барселона и на Кил директно се пласираа во четврт-финалето, бидејќи беа првопласирани во групите.