Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, не се ракуваше со канцеларката Ангела Меркел, поради епидемијата на коронавирусот.
Меркел стигнала на самит за интеграција и не се ракувала со присутните. Но, до неа седeл министерот Зехофер на кого му пружила рака.
Not shaking hands, don’t care who it is… #coronavirus pic.twitter.com/Xs0BWdD5YQ
— ian bremmer (@ianbremmer) March 2, 2020
Германскиот министер, сепак, одби да се ракува со неа.
„Не, не“ и рече тој на Меркел, а таа беше изненадена, но се насмеа и му рече дека разбира.
Зехофер минатата недела одлучил, поради коронавирусот, да не се ракува со никого.