Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четврток (5 март) ќе престојува во еднодневна посета на Русија, во услови на зголемени тензии меѓу Анкара и Москва поради ескалацијата на судирите со сириските владини сили во Идлиб, објави денеска турското претседателство.
Ердоган се очекува да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, откако 33 турски војници беа убиени во воздушните напади во Сирија, Идлиб, минатата недела, пренесува Ројтерс.
Турција одговори со контранапади врз сириската влада, поддржана од Русија.