Контролата врз ширењето на коронавирусот во Кина и натаму е од клучно значење, и покрај позитивниот тренд во областите надвор од провинцијата Хубеи, па затоа мерките на стриктна превенција и контрола мора да се почитуваат, соопшти кинеската Влада по состанокот со кој претседаваше премиерот Ли Кечијанг.
Во соопштението се додава дека кинеските градови со голема мобилност на населението, како Пекинг, мораат да ги контролираат патиштата и да го спречат ширењето на епидемијата, јавуваат британските медиуми.
Владата наведува дека неоправдани рестрикции не може да има во текот на пролетната сеидба, а замјоделското производство во провинцијата Хубеи, исто така, мора да почне на вообичаениот начин.
Владата, исто така, повикува да се забрза истражувањето и тестовите на лековите и вакцините.