Велика Британија, Германија и Франција му понудија на Иран пакет од пет милиони евра за помош во борбата против коронавирусот во земјата, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.
Таканаречената група Е3 поддршката ќе ја даде преку Светската здравствена организација или други агенции на ООН, се вели во соопштението.
Групата Е3, исто така, денеска испрати медицински материјали во Иран, вклучувајќи лабораториска опрема за тестирање, заштитни одела и ракавици.