Финансиски резултати за 4-ти квартал од 2019/ Фискална година 2019
4 квартал 2019 | 4 квартал 2018 | %
разлика |
(во милиони денари) | 12M 2019 | 12M 2018 | % разлика |
7,380 | 7,417 | -1% | Приход од продажба | 27,674 | 27,514 | 0% |
138 | 134 | 3% | Оперативни трошоци* | 527 | 552 | -5% |
195 | 83 | 135% | Прилагодена ЕБИТДА** | 554 | 305 | 82% |
115 | -104 | Добивка пред оданочување | 302 | -104 |
*Еднократни трошоци и трошоци за отпремнина се исклучени
**Влијанието на залихите и трошоците за отпремнина се исклучени
Достигнувањата на ОКТА во четвртиот квартал го поддржа заокружувањето на многу стабилна 2019 година, целосно оправдувајќи ја стратегијата што компанијата ја имплементираше со одлучност и посветеност во текот на изминатите години. Компанијата успешно придонесе кон зголемување на годишните продажни количини, извонредниот раст и високата профитабилност. Истовремено, напредуваше со програмите за трансформација, преку кои ја зголеми агилноста на својата организациска структура и ги намали трошоците, со што создаде цврста основа за идните достигнувања.
Континуираното подобрување во генерирање на паричниот тек ѝ овозможи на ОКТА да ги обезбеди потребните ресурси за да инвестира во задоволување на потребите на клиентите на најдобар можен начин, при тоа да остане еден од двигателите на економијата, овозможувајќи непрекинато снабдување со гориво за сите сектори.
Прилагодената ЕБИТДА во 2019 година забележа раст од 82% достигнувајќи 554 милиони денари, што ги надмина 305 милиони денари од 2018 година, главно поради зголемените продажни количини, како и преземените активности за ефикасно оптимизирање на трошоците. Прилагодената ЕБИТДА генерирана во текот на четвртиот квартал од 2019 година, следи сличен тренд поради горе споменатите причини. Оттука, добивката пред оданочување во 2019 година, изнесува 302 милиони денари, при што постигна целосно закрепнување од загубата од 104 милиони денари акумулирана во текот на 2018 година. Добивката пред оданочување во текот на последниот квартал од 2019 година, следејќи аналоген тренд, достигна 115 милиони денари во споредба со загубата од 104 милиони денари остварена во текот на истиот период минатата година. Големите продажни количини, ефикасниот менаџмент на оперативните трошоци преку успешните активности за оптимизација на органограмот, како и индиректните трошоци, се главните двигатели за овие позитивни резултати генерирани во текот на 2019 година. Приходите од продажба достигнаа 27.674 милиони денари, што е повисоко во споредба со истиот период минатата година (27.514 милиони денари).
Ликвидноста на ОКТА достигна 2.295 милиони денари, што е зголемување од 918 милиони денари споредено со минатата година, примарно како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања, што на компанијата и овозможи да ги извршува своите оперативни активности без да ги употреби кредитните линии кои ги има на располагање.
Во 2019, царинската управа спроведе контрола во ОКТА за периодот од 2014 до 2018 година, по што беше донесено Решение за фискалната 2014 година со кое се наметна обврска во износ од 23 милиони денари. Компанијата изврши исплата на обврската во јануари 2020 година и поднесе тужби против царинските одлуки, поведувајќи управни спорови и барајќи целосно поништување.
Во декември започна со работа новата бензинска станица со брендот ОКТА, лоцирана во општина Гази Баба, во Скопје, со што малопродажната мрежа се зголеми на вкупно 27 бензински станици, распространети низ целата држава. ОКТА ја заврши 2019 година со низа општествено одговорни активности. Проектите за поддршка на младите талентирани луѓе во државата, компанијата ги заокружи со доделување десет стипендии за постдипломски студии на пет факултети во рамките на државниот Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во текот на декември, како дел од кампањата за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“, ОКТА донираше механизми за регулирање на работата на одредени семафори во Скопје, со чија помош пешаците можат побезбедно да ги минуваат прометните булевари. Средствата предвидени за корпоративни подароци за Нова Година, компанијата традиционално ги пренамени и со тоа го помогна опремувањето на одделот за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово.
Раководството на ОКТА внимателно ги следи пазарните предизвици и преку проактивно планирање ја води компанијата кон многубројните можности кои ќе придонесат кон унапредувања на бизнис активностите и подобрување на ефикасноста.