Шкријељ на средба со граѓаните во Петровец: Социјалната помош ја зголемивме во просек за 300%, посветено работиме на искоренување на детската сиромаштија

Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ вечерва се сретна со жителите на Петровец со кои разговараше за регормите во социјалната заштита и владините мерки и програми кои ја поттикнуваат вработливоста  и ја намалуваат сиромаштијата.
Шкријељ на средбата со граѓаните истакна дека Владата предводена од СДСМ изминатите две и пол години силно работеше на зајакнување на грижата на државата кон наранливите и обезбедување на подобри услови за живот.
„Искоренувањето на сиромаштијата посебно на детската сиромаштија е баш врвен приоритет, Со социјалната реформа во моментот речиси 33 илијади деца користат детски додаток, а 27 илјади семејства добиваат зголемена социјална помош. Со реформата ја намалуваме сиромаштиајта и 5.270 постари лица оствариле право на социјална пензија”, рече Шкријељ.
Шкријељ во Петровец разговараше со граѓаните и за развој на социјалните услуги на локално ниво. Преку овие услуги треба да се подобри  квалитетот на животот на лицата со попреченост и на повозрасните лица.
Треба да знаете
Последни објави