Жељко Обрадовиќ по вторпат го одби Фенербахче

Жељко Обрадовиќ одби да го продолжи договорот со Фенербахче. Тимот од Истанбул има тешка сезона со голем број на пехови, а честа мета на критики беше токму прославениот српски кошаркарски тренер.

Обрадовиќ има поддршка од фановите кои сакаат да остане во клубот по секоја цена, но српскиот тренер ги одби двете понуди на претседателот на клубот, Али Коч да остане на клупата и по ова лето.

Фенербахче оваа сезона ги ангажира Нандо де Коло и Дерик Вилијамс како најголеми засилувања, а во тек на сезоната го доведе и Малколм Томас и Џејмс Нанели. Моментно е на деветтото место на табелата во Евролигата со идентичен број на победи како и Валенсија на осмата позиција, последна што води во плејофот.

Треба да знаете
Последни објави