На 01.03.2020 во 17.50 часот било пријавено дека на крстосницата на ул.„101“ со ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообракајна незгода помеѓу патничко моторно возило „хјундаи санта фе“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Гостивар и патничко моторно возило „рено трафик“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(40) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Х., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од возилото „хјундаи санта фе“, Д.А.(44) и 13 годишна малолетничка и уште две сопатнички од другото возило, С.Б.(39) и С.М.(61), сите од Гостивар. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарски помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.