Британскиот принц Хари и рок пејачот Џон Бон Џови во петокот направија римејк на еден од најпознатите омоти на албуми на „Битлси“, поминувајќи на пешачкиот премин на улицата на кое се наоѓа легендарното Abbey Road Studios во северен Лондон.
Хари беше во студиото за да се сретне со пејачот и со членовите на хорот на воени ветерани, во еден од неговите последни ангажмани како висок член на кралското семејство.
И како што направија многубројните фанови на „Битлси“ кои што снимаа во познатото студио на Abbey Road („Аби роуд“) во доцните 60-ти години , двајцата го преминаа црно-белиот пешачки премин пред познатото студио, но овој пат заедно со воен ветеран во инвалидска количка.
Во Abbey Road Studios, каде што снимаа легендарните „Битлси“ во 1960-тите, Хари му се придружи на рок пејачот со микрофон. Ова видео беше споделено на официјалниот Инстаграм на Хари и Меган – војводата и војвотката од Сасекс
Војводата и војвотката од Сасекс во јануари објавија дека се повлекуваат од своите должности во британската монархија, ќе поминуваат повеќе време во Северна Америка и дека имаат за цел да станат финансиски независни.
Хорот Invictus, кој моментално снима сингл за добротворни цели, е составен од ветерани и од активни војници на британската армија. Песната, со наслов Unbroken ја создаде Бон Џови, а во центарот на вниманието се ветераните кои живеат со посттрауматски стрес.