Францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен наследникот на Бразилецот Најмар го гледа во Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. „Светците“ покажале интерес Санчо, кој има 19 години и договор со Борусија до јуни 2022 година. Во неговиот договор нема клаузула за откуп. Сепак германските медиуми тврдат дека тој по завршувањето на сезоната ќе замине од Дортмунд.
Оваа сезона на 33 натпревар Санчо постигнал 17 голви и забележал 18 асистенции.
Од претходно за него се заинтересиран Челси, Манчестер јунајтед и Ливерпул, а според „Билд“ во трката за неговиот потпис ќе се вклучи и ПСЖ.
Според овој извор доколку Нејмар летово го напушти Париз, челниците на клубот ќе направат сѐ
за да го донесат Санчо. За неговите услуги тие на Борусија биле подготвени да ѝ платат 140 милиони евра.