Три пожари попладнево избувнаа во околината на Скопје.
Најпрво гореше шума во близина на Сопиште, кон Ракотинци. Од Противпожарната бригада велат дека тој пожар е изгаснат со четири возила. Две се повлечени, но две се останати на дежурство.
Трска гори во близина на населението Економија, близу Сингелиќ. Таму се наоѓа едно возило, но е испратено и засилување. Засега нема опасност кон околните куќи. За овој пожар видеа се објавени на социјалните мрежи.
Третиот пожар е пред селото Арачиново.